Кој ќе биде играч на годината на „Глоуб Сокер“?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познати се финалистите на Глоуб Сокер наградите во категоријата „Најдобар играч на годината”.

Во потесниот избор влегоа: Карим Бензема, Тибо Куртоа (двајцата од Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона), Лионел Меси, Килијан Мбапе (двајцата од ПСЖ), Ерлинг Халанд (Манчестер сити), Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед), Луис Дијаз, Мохамед Салах и Садио Мане (тројцата од Ливерпул).

Номинирани за наградата играч на годината во избор на навивачите преку Тикток се: Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд (двајцата од Манчестер сити), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона), Лионел Меси (ПСЖ), Мохамед Салах (Ливерпул) и Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед).

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во Дубаи (ОАЕ) на 17 ноември.

Најтрофеен досега е Кристијано Роналдо – наградата за најдобар играч на годината ја доби шест пати.

Share This Article