More

    Кој ги јаде мачките во Охајо и каде би бил Путин сега?

    spot_img

    Претседателските кандидати Доналд Трамп, републиканец и Камала Харис, демократка, излегоа синоќа на сцената во Националниот уставен центар во Филаделфија на дебата и се ракуваа. Многу набљудувачи претходно се прашуваа дали Харис и Трамп, кои никогаш не се сретнале, ќе се поздрават еден со друг.

    Харис, која е потпретседателка на САД, му пријде на Трамп на сцената, му ја подаде раката и се претстави.

    Во воведното обраќање таа се претстави како перспективен кандидат и рече дека на дебатата Трамп ќе оди со „истото излитено сценарио“.

    – Јас верувам во амбициите, стремежите, соништата на американскиот народ, и затоа имам план за создавање на она што го нарекувам економија на можности – рече Харис.

    Трамп не отстапи од своето старо сценарио.

    – Гледајте, имаме ужасна економија поради инфлацијата, навистина ја разурнуваат државата – рече Трамп.

    Харис ја критикуваше намерата на Трамп да ги зголеми царините на увозот на странски производи — таа го спореди овој предлог со данокот на продажба за средната класа — истовремено претставувајќи го својот план за обезбедување даночни олеснувања за американските семејства.

    – Тоа нема да доведе до зголемување на цените – рече Трамп.

    Тој го бранеше својот предлог за воведување царини на увозот на производи.

    – Доналд Трамп ни остави највисока невработеност од времето на Големата депресија. Тоа што го направивме е дека воведовме ред во хаосот што го создаде Доналд Трамп – рече Харис, имајќи ги предвид годините на неговото претседателство од 2017 до 2021 година.

    Трамп ја критикуваше Харис за високата инфлација за време на владеењето на администрацијата на Џо Бајден, иако претеруваше за нивото на раст на цените.

    Според него, инфлацијата „стана катастрофа за луѓето, за средната класа, за сите класи“.

    – Но, она што го направи Доналд Трамп, ајде да зборуваме за тоа, со ковидот, тој фактички му се заблагодари на претседателот Си (Џинпинг) за она што го направи за време на пандемијата – рече Харис.

    Прашањето за илегалните имигранти е омилената тема на Доналд Трамп и во суштина најголемиот проблем за Харис, која еднаш беше испратена од претседателот Џозеф Бајден во Јужна Америка за да го реши проблемот од каде што потекнува.

    Харис избегнува да зборува за проблемот со имиграцијата, но изјави дека Америка заслужува лидер „кој ќе ја стави Америка пред се друго“.

    – Тоа сум јас – рече Камала Харис.

    Одговорот на Трамп беше очекуван. Тој ги нападна демократите тврдејќи дека во Спрингфилд, Охајо, илегални имигранти од Хаити киднапираат и јадат домашни миленици на локалните жители.

    На прашање за војната во Украина Трамп рече дека доколку тој останел претседател немало да дозволи започнување на војната и дека „Путин ќе се наоѓал во Москва, задоволен и среќен“.

    Ова тој го кажа откако Харис го искритикува дека тој е поласкан од диктаторите како Владимир Путин или Ким Џонг-ун и не ја разбира американската одлучност да помага на сојузниците и партнерите во нивниот стремаж да го одбранат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

    – Доколку останавте претседател Путин сега ќе беше во Киев – рече Харис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img