More

    Кој е условот на Израел за деескалација на конфликтот?

    spot_img

    Шефот на либанската дипломатија, Абдула Бу Хабиб, изјави дека неговата земја не сака војна со Израел и е заинтересирана за мир, пишува „Џерусалим пост“.

    Оваа порака Хабиб ја испрати до својот израелски колега, Израел Кац, преку министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов.

    Кац, пак, испрати порака до Хабиб во која му посочи дека Израел мора да ги врати во своите домови своите жители на северот на земјата, кои беа евакуирани поради постојаните напади на либанската проиранска милитантна група Хезболах, и дека ако тоа не е можно со дипломатско решение, ќе се постигне со војна.

    Во разговорот со Бајрамов, Кац го обвини Иран, земја која граничи со Азербејџан, за подгревање на тензиите во регионот.

    Либан и Израел немаат дипломатски односи, па комуникацијата меѓу двете земји честопати се одвива преку трета страна.

    Хабиб поведе иницијатива за дијалог поради зголемените стравувања од избувнување на нова војна меѓу Либан и Израел, по речиси деветмесечните прекугранични напади меѓу израелската војска и Хезболах.

    По почетокот на војната во Газа, во октомври минатата година, Хезболах започна напади врз делови од северен Израел во знак на солидарност со Хамас.

    Хезболах најави дека нема да ги запре нападите врз северен Израел сѐ додека не се постигне траен прекин на огнот во Појасот Газа.

    Околу 60.000 Израелци, кои беа евакуирани од своите домови на северот на земјата, во октомври не можат да се вратат дома.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img