Кој е регионот Есекибо за кој и Венецуела и Бразил ги кренаа своите војски?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Изненадувачки слаб одзив имаше референдумот кој требаше да го зацврсти барањето на Венецуела да отцепи две третини од територијата на Гвајана – малата латиноамериканска држава која е богата со нафта. „Влада на Гвајана здивна“, напиша британски Гардијан, повикувајќи се на изјава на тамошниот секретар за надворешни работи Роберт Персод.

Во претходен напис на весникот Мадуро беше наречен деспот кој сака да започне војна со Гвајана поради регион богат со нафта. Но сега, народот во Венецуела се изјасни дека е против приграбувањето територија од својот помал сосед.

„(Венецуелскиот претседател) Николас Мадуро се надеваше дека ќе го искористи вековното барање на неговата земја за спорниот регион Есекибо за да мобилизира јавна поддршка, но гласачките места низ земјата беа главно празни во неделата, бидејќи повеќето гласачи го избегнуваа ова прашање“, се вели во написот.

Поради регионот Есекибо владите на Венецуела, Бразил, но и самата Гвајана викендов ги впрегнаа војските на своите граници. Иако таму живеат само 120.000 жители од 800.000 колку што вкупно има цела Гвајана, територијата, освен со нафта, е полна со злато и бакар, а обрасната со џунгли. Се работи за површина од 160.000 километри квадратни.

Регионот припаѓал на Венецуела од 1811 година кога Венецуела стекнала незаивност од Шпанија, но потоа меѓународната заедница извфршила притисок да се сменат границите.

Иако референдумот немаше излезност Мадуро го опиша како успех, поради тоа што 95 отсто од оние малку граѓани на Венецуела кои гласале рекле „да“ за петте прашања во текстот. Меѓу прашањата било и тоа дали Венецуела треба на жителите на Есекибо кои зборуваат англиски да им додели венецуелски државјанства и дали Венецуела треба да ги игнорира меѓународните арбитри во Хаг.

Владата на Венецуела соопшти дека повеќе од 10,5 милиони луѓе гласале на референдумот – што би било поголем број од оние што гласале за реизбор на попопуларниот претходник на Мадуро, Уго Чавез, во 2012 година.

Изборната власт на Венецуела соопшти дека го продолжила рокот за гласање во неделата навечер поради „масовното учество“.

Разузнавачките податоци собрани од Гвајана и нејзините сојузници сугерираат дека вистинскиот одзив бил помалку од 1,5 милиони луѓе – помалку од една десетина од населението – рече извор близок до владата на Гвајана, кој го опиша потегот како „ригономија“.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме САД се заканија дека ќе го укинат неодамнешното олеснување на санкциите кон Венецуела ако Мадуро не дозволи фер изборна трка против опозиционерката Марија Корина Мачадо.

Share This Article