Кој е првиот човек на Катар во чија прегратка се загуби Меси?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На свеченото прогласување на Аргентина за светски шампион во фудбал, на Светското првенство во Катар, освен Лионел Меси, кој беше апсолутна ѕвезда на вечерта, очите на целиот свет беа вперани и кон маркантниот прв човек на Катар, емирот Тамим ал Тани, кој со своите 195 сантиметри, како мало дете го гушкаше пресреќниот Меси.

По свеченото затворање, а и во текот на Мундијалот, светската јавност беше интригирана од најмоќниот човек на Катар, емирот Тамим бин Хамад ал Тани (42), кој е главниот мотор и на добивањето и на перфектното одржување на светско првенсво во Катар, според многумина, најдобро организирано првенство досега.

Емирот Ал Тани и неговата сопруга Кралицата Летиција

 

Животот на најмоќниот човек на оваа држава со години ја интригира јавноста.

Ал Тани е четвртиот син на поранешниот катарски емир и неговата втора сопруга. Иако не бил прв во редот да го преземе престолот, благодарение на своите способности, успеал да се избори за тоа место.

И пред да ја преземе функцијата на својот татко, емирот се занимавал со политика, но не бил на високи функции. Се школувал во Велика Британија, дипломирал на британската воена академија како еден од најдобрите студенти. Кога ја завршил академијата се вратил во татковината и служел во армијата.

Во 2005 година стапил во првиот брак со сопругата со која единствено се појавува во јавноста. Како што наведуваат тамошните медиуми, тие двајца се братучеди, а од бракот со неа тој има четири деца – две ќерки и двајца синови.

Во 2009 година стапил во втор брак со ќерката на поранешниот амбасадор во Јордан. Таа му родила три ќерки и двајца синови. Третата сопруга му родила уште тројца синови и ќерка.

Особено е интересна, атрактивна, елегантна и образувана неговата мајка Моза бин Насер, една од најмоќните жени во Катар.

- Advertisement -
Ad image

Моза студирала на факултет во Катар и дипломирала социологија девет години по венчавката. Таа иницирала изградба на многу образовни институции поради што добила седум почесни докторати. Мајката на емирот ал Тани често е присутна во јавноста затоа што, исто како и првата жена, на емирот, има право да се појавува на официјални патувања и настани.

Во текот на јавните појавувања таа привлекува многу внимание со својот беспрекорен стил и држење. Своевремено за стилот на Моза пишувал и угледниот магазин Вог“ којшто ја сместил во петте најдобро облечени жени на светот. Магазинот „Венити феар“ ја оцени како „најдобро облечена дама со сина крв, а познатиот дизајнер на луксузниот бренд „Живанши“ ја нарече втората Џеки Кенеди.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article