Кој е планот на НАТО за Балканот?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новата база на НАТО близу гратчето Кучово во Албанија која беше отворена денеска треба да биде клучна за распоредување на војници на НАТО за Балканот, што било планирано со воени вежби уште во 2021 и 2023 година, а она што е новост е дека базата му припаѓа на НАТО, а не на Албанија, пишува Балкан Секјурити Нетворк.

Базата треба да даде поддршки за поширокот подрачје на Медитеранот и регионот на Црното Море.

„Затоа, преку својата посветена програма за инвестиции и безбедност, НАТО потроши 45,8 милиони евра од јануари 2022 година. Албанија го даде својот дел од околу пет милиони евра и просторот, стариот воен аеродром во близина на градот Берат, на југот на земјата, кој потекнува од ерата на Енвер Хоџа“, пишува порталот.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши на отворањето на базата рече дека сè е можно кога е во прашање Источниот фронт.

– Сè се очекува од источниот фронт, мора да бидеме подготвени да ги здружиме силите и да ги приклучиме нашите одбранбени капацитети. Нема големи и мали народи. Волјата за опстанок и достоинството вредат повеќе – порача тој.

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук се пофали дека дроновите „Бајрактар“ од турско производство ќе летаат на отворањето на базата.

Она што е интересно е дека базата почнала да се гради во далечната 1952 година, а била поврзана со поддршката на СССР за развојот на Албанската народна армија како една од поддржувачите за притисок врз југословенската политика.

Всушност, Кучово во тоа време се викало „Ќитети Сталин“, во превод, Сталинград.

До завршувањето на базата во 1955 година, односите меѓу Белград и Москва се подобруваа. Во раните 1960-ти, албанското раководство, разочарано од десталинизацијата на СССР, се сврте кон Кина. Кинески ловци беа испорачани во Кучово и беше отворен институт за технички ремонт за одржување на сите авиони на албанската авијација.

- Advertisement -
Ad image

„За време на бунтот во 1997 година, граѓани влегле во базата и кршеле делови од авионот и украле сè што можело да се одземе. По тие настани, базата стана складиште на отворено за старите кинески ловци кои беа собрани на сите аеродроми додека не беа продадени или уништени“, се додава.

Откако Албанија се сврте кон НАТО во 21 век, почна да се работи на таа база и доби нова контролна кула, поправени се пистата и другите области на аеродромот. Сега тоа е модерна база со две писти долги 2.853 и 2.500 метри.

Во меѓувреме, НАТО работи на опремување и на другите фронтови. Денеска почнува маневрот „Непоколеблив бранител“ во кој ќе учествуваат околу 20.000 војници од 14 земји. И Шведска и Финска се подготвуваат за учество преку норвешката воена вежба „Нордиски одговор“.

- Advertisement -
Ad image

Од Шведска во Нордискиот одговор ќе учествуваат 4.500 воени лица, од кои 3.000 ги претставуваат копнените сили.

Се очекува на вежбата да бидат испратени повеќе од 50 бродови, вклучувајќи фрегати и подморници, како и повеќе од 100 борбени авиони, хеликоптери и други авиони, според податоците објавени на веб-страницата на Вооружените сили на Норвешка.

Финска ќе испрати околу 4.100 персонал и околу 700 парчиња опрема, вклучително и 12 ловци Ф/А-18 „Хорнет“, како што претходно објави финското Министерство за одбрана и вооружени сили.

Шведска ќе вработи околу 4.500 луѓе од сите видови војници, соопшти шведското Министерство за одбрана.

На Шведска неодамна ѝ беа отворени вратите на Алијансата откако Унгарија го ратификуваше барањето за приклучување на земјата, а наскоро се очекува и формално потпишување на актот за пристапување во Алијансата.

Share This Article