More

    Кој е пациентот што изутринава беше транспортиран со медикоптерот на МВР

    spot_img

    Mладиот Леонид Индов, кој има тешки повреди на рбетот, е пациентот што рано изутринава со медицинскиот хеликоптер на МВР беше транспортиран на операција во Клиниката во Виена, Австрија.

    Леонид Индов е ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје и во септември 2023 требаше да почне со настава во IV година. Тој е талентиран млад човек со големи интелектуални способности. Со својот тим го освои првото место на меѓународниот натпреварна НАСА за развој на апликации (NASA Space Apps Challenge). Особено се истакнува со неговите неговите компјутерски вештини и научни истражувања. Неговите наставници велат дека е исто така талентиран спортист.

    Пред неколку месеци осумнаесетгодишниот Леонид доживеа тешка несреќа додека беше на летување во Грција, од која тешко го повреди р`бетот и не можеше да ги движи рацете и нозете. По враќањето од болница во Солун,  Леонид беше згрижен во приватната болница Жан Митрев.

    Неговите најблиски преку хуманитарни акции собираа помош за да се плати неопходната скапа операција. Лани во ноември медиумите известија дека крадци провалиле во неговиот дом и му украле дел од собраните пари.

    Ова е прв меѓународен лет за медицински транспорт со полициски хеликоптер. За транспортот од клиниката беше ангажиран персонал од Градската Болница „8-ми септември“ кои претходно ги извршија неопходните медицински подготовки за летот кон Австрија.

    Хеликоптерот беше подготвен за медицинскиот лет од страна на пилотите и персоналот на МВР. Летот на младиот Леонид кон Виена почна околу 6:30 часот рано наутро и тој веќе е префрлен во болница во Австрија.

    Заедно со младиот Леонид Индов во медикоптерот на МВР беа и лекарите доц. д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, д-р Јасмина Панова спец. анестезиолог, медицинската сестра анестетичар Марина Јанчева, како и директорот на градската болница проф.д-р Христијан Костов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img