Студирал економија во Јапонија, по престижни универзитети, зборува шест јазици, но она за што јавноста го критикува е неговиот став дека Српската православна црква, чиј член е и тој била во Црна Гора со векови. Новиот црногорски премиер Милојко Спајиќ има 36 години и бил министер за финансии во владата на Здравко Кривокапиќ, а излегувал со неговата ќерка.
– Мојата девојка беше Французинка, претходно индонезиска муслиманка, претходно јапонскa будистка, пред тоа кинеска комунистка. Не можам да замислам контекст во кој би можел да се идентификувам со какви било радикални националистички ставови – изјави тогаш Спајиќ за медиумите.
Импресивната биографија на Спајиќ нѐ носи во Осака во Јапонија, каде тој студирал економија како стипендист на јапонската влада, за да продолжи со економетрија и квантитативна економија во Саитама.
Поминал и еден семестар во техничкиот факултет во Цингхуа во Кина каде била на размена. Магистрирал во ХЕЦ Париз, кој е школа број еден за финансии во Евопра според Фајненшл Тајмс.
Основал старт-ап по студиите, работел во Токио и во Сингапур, во глобалната банкарска фирма Голдман Сакс. Шест јазици кои ги зборува се англиски, јапонски, кинески, руски и француски и црногорски. Тој смета дека во Црна Гора граѓаните најмногу ѝ веруваат на СПЦ. Роден е во Плевља.
Долго време беше во вонбрачна врска со згодна бринета која во Женева ја роди својата ќерка, која исто така се школувала во странство, а зазема важна позиција во една европска агенција. Двајцата беа во обична врска, но веќе некое време не се заедно. По четири години се вратил во Црна Гора и се вклучил во политиката, прво како советник на Здравко Кривокапиќ.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ е пријател со Спајиќ. Тој го смета за другар со кој поминал многу километри на тркала при обиколка на Црна Гора последната година.