Мухамед Абдел Мојем Фајед беше египетски бизнисмен кој живееше во Велика Британија. Тој беше сопственик на престижната продавница „Хародс “ и на англискиот прволигашки фудбалски клуб Фулам, кој го купи летото 1997 година. Мухамед важеше за еден од најмоќните богаташи во Велика Британија, а во времето на неговата смрт во 2023 година, Форбс го процени неговото богатство на 2 милијарди американски долари.
Името на овој милијардер стана познато низ целиот свет кога неговиот син, Доди, загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, заедно со Дајана, принцезата од Велс, со која бил во блиска врска.
Името на овој милијардер е познато и по уште едно нешто.
Полицијата верува дека милијардерот Мухамед Ал Фајед можеби силувал и малтретирал повеќе од 111 жени во текот на речиси четири децении, а неговата најмлада жртва се вели дека имала само 13 години. Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, веројатно е еден од најзлогласните британски сексуални престапници, а сега, по неговата смрт, се покренуваат итни прашања за тоа како се извлекол од своите злосторства, објави британски Гардијан.
Полицијата започна огромна истрага, корумпирани полицајци му помагале на Фајед
Пет неименувани лица, осомничени дека го помагале Фајед, се под истрага како потенцијални „олеснувачи“.
Исто така, се води огромна истрага за тоа дали се пропуштени можностите во минатите полициски истраги и дали има основа да се гонат поранешни или сегашни полицајци поради историските тврдења за корупција.
Минатиот месец, Гардијан објави тврдења дека корумпирани полицајци му помогнале на Фајед во прогонувањето на членовите на неговиот персонал, вклучително и на една млада жена која наводно го одбила сексуалниот напад на сопственикот на Хародс.
Наводните случаи на сексуална злоупотреба на Фајед, кои се 111 по број, вклучуваат 21 наводна жртва кои пријавиле злосторства во полиција, во периодот од 2005 година до неговата смрт, и 90 жени кои се појавија откако Би-Би-Си емитуваше документарен филм за Фајед во септември.
Полициското набљудувачко тело, Независната комисија за надзор над полицијата (Independent Office for Police Conduct), размислува дали нејзините сопствени истражители треба да ја истражат најголемата британска сила, лондонската полиција.
– По поплаките од две жени за квалитетот на истрагите спроведени во 2008 година, лондонската полиција доброволно ги упати овие случаи до Независната комисија за надзор над полицијата. Иако овие случаи датираат од пред повеќе од една деценија и не можеме да го промениме она што се случи во минатото, ние сме посветени на разбирање и на отвореност за какви било недостатоци и за подобрување на нашиот одговор на жртвите – изјави портпаролот на лондонската полиција.
Шефот на Специјалистичката команда за криминал на лондонската полиција, Стивен Клејман, рече дека признава дека довербата во полицијата можеби е намалена поради нејзиното поранешно однесување, но повика сите други жертви да се јават.
– Ја препознавам храброста на секоја жртва која се појави да ги сподели своите искуства, честопати по години молк. Оваа истрага е за давање глас на преживеаните, и покрај фактот што Мохамед Ал Фајед повеќе не е жив за да се соочи со кривично гонење. Како и да е, сега ги гониме сите поединци за кои постои сомневање дека биле соучесници во неговото дело и сме посветени да бараме правда. Свесни сме дека настаните од минатото можеби влијаеле на довербата на јавноста во нашиот пристап и решени сме да ја обновиме таа доверба со интегритет и со темелно решавање на овие наводи. Ги охрабруваме секој, кој има информации или бил погоден од дејствијата на Ал Фајед, да ни се обрати. Вашиот глас е важен, а ние сме тука да слушаме и да помогнеме – рече шефот на Специјалистичката команда за криминал на лондонската полиција.
Луксузните подароци го купуваат молкот
Злосторствата за кои е обвинет Фајед се протегаат помеѓу 1977 и 2014 година. Полицијата соопшти дека веќе прегледала повеќе од 50.000 страници докази, вклучително и изјави на жртвите, и извлекла „значителни количини материјал од овие истраги“, складирани во нивните архиви.
Како дел од истрагата, детективите од Дирекцијата за професионални стандарди бараат да утврдат дали некој од службените лица или поранешните службеници во лондонската полиција биле вклучени во какво било недолично однесување.
Детективите ја испитувале изјавата на сведок од канцеларијата поранешниот директор за безбедност во продавницата на Фајед, Боб Лофтус, кој тврди дека еден поранешен командант на лондонската полиција добивал луксузни подароци „секогаш кога му бил особено голема помош на Хародс“.
Лофтус, кој работеше за Фајед, не можел да коментира поради проблеми здравје, но Имон Којл, кој беше заменик на Лофтус, рече дека смета оти наводите во изјавата се вистинити.
– Знаев дека има питом полицаец. Тој беше на платен список – изјави тој.
Детективите интервјуирале голем број потенцијални сведоци како дел од истрагата.
– Метрополитенската полиција е посветена на темелно прегледување на сите информации во врска со историските наводи во случајот на Мохамед Ал Фајед, кој ја вклучува нашата Дирекција за професионални стандарди што проценува каква било индикација за полициско недолично однесување. Во согласност со ова, ние секогаш бараме да добиеме релевантни документи, вклучително и изјави на сведоци и други материјали кои активно ќе ги разгледуваме – изјави портпаролот на лондонската полиција.