Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ, како што неофицијално информираат од полицијата, околу 11 часот и 35 минути влегол на првата врата од Основниот суд во Подгорица и ја активирал бомбата на просторот меѓу двете стаклени врати од зградата. Булатовиќ, кој настрада во експлозијата, веќе и бил познат на полицијата.
Според информациите на „Вијести“, Булатовиќ е осуден за напад на полицајци, фалсификување, неовластено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги…По експлозијата осум лица побарале лекарска помош во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ).
Директорката на КГК Љиљана Радуловиќ изјави дека пет пациенти се со физички повреди и дека четворица пациенти ќе бидат примени на понатамошно болничко лекување.
Претседателката на Основниот суд во Подгорица, Жељка Јововиќ рече дека со години предупредувале за безбедноста во таа институција. Таа пред новинарите изјави дека денешниот случај можел да биде „многу полош“, пренесува „Вијести“.