More

    Кој е Андриј Сибиха, новиот министер за надворешни работи на Украина?

    spot_img

    Оставката на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска беше прифатена од парламентот на Украина. Набргу потоа, Врховната рада го избра Андриј Сибиха за министер за надворешни работи. За Сибига гласаа 258 пратеници.

    Дмитро Кулеба беше еден од иконските гласови на украинската дипломатија по почетокот на руската инвазија на Украина. Тој неуморно го обиколуваше светот и не престана да бара уште поголема поддршка од Запад за Украина, како и да се обидува да ги убеди најомилените земји на Москва во Африка и Азија да застанат на страната на Киев, забележува Франс прес.

    За оставка на Кулеба гласаа 240 пратеници. За да биде прифатен, требаше да го поддржат 226 пратеници.

    Самиот Кулеба не беше присутен во пленарната сала за време на гласањето.

    Андриј Сибиха, кој доаѓа на местото на Кулеба, претходно беше заменик-министер за надворешни работи. Тој беше назначен на оваа функција во април. Сибиха во минатото беше и заменик-шеф на претседателската администрација. Тој се смета за лојален на актуелниот шеф на претседателската администрација Андриј Јермак.

    Помалку познат од Кулеба, Сибиха, кој има 49 години, беше амбасадор во Турција од 2016 до 2021 година и се смета за претставник на „тешкашите“ на украинската дипломатија. Според референцата на Википедија за Сибига, тој во минатото имал и амбасадорска позиција во Полска. Течно зборува англиски и полски и дипломирал меѓународни односи на Универзитетот во Лвов.

    Претставувајќи ја кандидатурата на Сибиха пред украинските пратеници, Зеленски го опиша како многу компетентна и сериозна личност и како специјалист за меѓународни односи. Тој рече дека Сибиха бил со него во бункерот на почетокот на руската инвазија на Украина и потоа „управувал со меѓународната комуникација на претседателот“, потсетува АФП.

    Од друга страна, пак, според некои информации, Кулеба би можел да добие важна функција за интеграцијата на Украина во НАТО.

    Харизматичниот 43-годишен украински дипломат помина четири години на чело на Министерството за надворешни работи. Тој вчера поднесе оставка поради големите промени во украинската влада.

    Франс прес забележува дека нема ништо доброволно за оставката на Кулеба и дека таа била диктирана од украинското претседателство, кое се обидувало да ја консолидира својата контрола врз ова клучно министерство. Агенцијата се повикува на извори од политички кругови со кои разговарала.

    Кога Кулеба поднесе оставка, не беше објавена причина. Ден претходно, украинскиот претседател наведе неколку причини за зајакнување на украинската влада. Тој вчера нагласи и дека на неговата земја ѝ е потребна нова енергија по две и пол години војна со Русија.

    Според извор од претседателската партија Слуга на народот, Кулеба ја загубил својата ефикасност и веќе една година има поплаки за него, забележува Франс прес.

    – Даваше интервјуа, зборуваше елоквентно, ги умножуваше посетите. Се занимаваше со самопромоција, наместо да ја подобрува работата на амбасадите, да работи систематски со земјите и да ја добива нивната поддршка. И во последните 6 месеци Кулеба повеќе не се занимаваше со задачите што му беа доделени, туку едноставно пишуваше твитови и коментари – изјави изворот за Франс прес.

    Покрај тоа, изјавата на Кулеба за историските разлики меѓу Киев и Варшава предизвика бран негативни коментари минатиот месец во Полска, која е клучен сојузник на Украина против Русија.

    Покрај Кулеба, оставки поднесоа уште 5 министри и вицепремиери, како и шефот на фондот задолжен за приватизација на државните имоти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img