Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски е’ новото лице на политичката сцена од партијата ЗНАМ кој ќе биде адут на ЗНАМ на престојните парламентарни избори во 5-та изборна единица.
Koj e Александар Веслиевски, новото лице во македонската политичка сцена?
Др Александар Веслиевски роден е во Охрид во 1970 година, завршил медицински факултет како првенец во својaта генерација 1988 година. Се усовршив во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ – Скопје во областа Анетезија во ортопедија и траума во 2008 година. Сопруг на жената која секогаш стои до мене Маја, имам две деца Димитар и Никола. Фамилијарните вредности се основен предуслов за напредок и хармoнија на едно општество.
Додека чекав вработување по завршување на Медиицински факултет, две години работев во приватна аптека како апотекар – фармацевтски помошник.
Во 2002 година се вработив во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид.
Што ве натера како аполитично лице, посветен на семејството и на работата да се вклучите во политиката?
Претходно никогаш не сум бил политички активен и политиката не ме интересирала воопшто и покрај тоа што сум ги следел преку медиуми политичките настани во Македонија. Во последните години, се случија многу нешта, што како, македонец пред се’ и над се’, оставија негативно мнение за политичките процеси во Македонија. Како и секој граѓанин кој си ја сака татковинта и кој нема резервна татковина, ваквите политички местинки на продажба на идентитет и суверенитет на Македoнија, не оставаат рамнодушен ниту еден паметен граѓанин во Македонија. Така и јас неможејќи на друг начин да допринесам во заштита на суверенитетот и интегритеот на македонскиот граѓанин и сите граѓани кој живеат и творат во Македонија, сметав дека е неопходно и јас да се одолжам на својата татковина и да почнам активно да допринесувам во нејзин развој. Исто така последниве години имаме значителчен пад на економијата, која е главен двигател на општеството, но уште повеќе сакам да истакнам дека започна масовна девастација на здравствениот систем и услугите кој им се даваат на граѓаните. Овдека сакам да нагласам масовниот прием на нестручен кадар од приватни универзитети, партизацијата на здравствениот сектор, каде во последните години воопшто не се гледа квалитетот на здравствениот работиник, туку напротив се оди кун еден политички дискурс на приеми на здравствени работници ,каде најголем успех им било членството во одредена политичка партија. Таквиот систем на девастација на здравстевниот сектор ,мора да престане, а граѓанинот да добие услуги од највисог ранг.
Како тоа ја избравте политичката партија ЗНАМ?
Гледајќи ја понудата на политичките партии, искрено во еден триполарен свет, каде има една северно македонска партија ,онаа од вашата или како милуваат тие да изговорат „нашата земја“, при тоа срамејЌи се да го изговорат името Македонија, другата партија, македонска ВМРО и од трета страна албанската партија ДУИ, ми наликуваа на онаа народната „Нит змија нит Магаре“, додека на политичката сцена во Македонија се појаавуваше движејнето ЗНАМ.
Од самиот почеток во идеологијата на ЗНАМ се пронајдов и самиот себе, пред се повеќе од фактот дека ЗНАМ ги вреднува во својата платформа македонските интереси, култура и историја, како и во програмата на ЗНАМ имаме вклученост покрај заштита на македонските национални интереси, развој на економијата, како и развој на здравствениот сектор во целина.
Како пратеник можам да влијаам во креирањето на политичкото живеење и инплементација на идеите на граѓаните во македонското собрание, да поднесувам предлог закони, предлог амнадмани, да барам од надлежни министерства имплементација на граѓански идеи, или во целост да се посветам на интересите на граѓаните. Мене лично не и треба ниокаков финасиски бенефит од пратеничката функција, како што било обичаено изминатиот период. Јас и понатака ќе бидам оној лекар,анестезиолог, во мојата матична здравствена установа и како и до сега ќе бидам посветен на своите пациенти.
Дали и на политичката сцена ќе го примените вашиот научен труд „Специфичности на анестезиолошки постапки при големи оперативни интервенции на рбетниот столб“,во смисол на реанимација на македонската еконоија и опшество?
Мојот научен труд се однесува во медицински аспект,но, алегорично истиот би го применал како што изјавив на претходното прашање. Факт е дека кичмата на Македонија годиниве наназад претрпи многу „фрактури“, р’бетниот столб е изместен. За да се лекува ваквиот диспропорционален рбетен столб на Македонија, како што кажав и претходно, потребен е сериозен пристап од страна на стручни лица докажани во својата област. Само со такви лица Македонија може да постане здрава држава без скулиотични промени на рбетниот столб.
Токму од таа причина, ги повикувам граѓаните на Македонија , својот глас да го дадат за движењето ЗНАМ, зошто понудата на чесни и стручни лица која како понуда ја дава ЗНАМ на престојните парламентрани избори, со сигурност ветувам дека овие лица ќе се вложат и изборат за просперитетна Република Македонија.
Всушност мојата порака до граѓаните на Македонија би била: Гласајте За наша Македонија, гласајте во 5-та изборна единица под реден број 7 – Максимус за Македонија.
-Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски е’ новото лице на политичката сцена од партијата ЗНАМ кој ќе биде адут на ЗНАМ на престојните парламентарни избори во 5-та изборна единица.
Др Александар Веслиевски нашироко е познат во здравствениот систем како во Македонија, така и надвор од границите.Станува збор за врвен професионалец, достапен за секој пациент. Др Александар Веслиевски вработен е во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид. Др Александар Веслиевски роден е во Охрид во 1970 година,завршил медицински факултет како првенец во својта генерација. Се усовршил во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ – Скопје во облата Анетезија во ортопедија и траума.
Др Веслиевски има издадено и научен труд „Специфичности на анестезиолошки постапки при големи оперативни интервенции на рбетниот столб“ –во Скопје (Ноември 2007).
Сашо Денесовски