Кој е 14-годишниот напаѓач во училиштето во Џорџија?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Напаѓачот во средното училиште во Виндер во Џорџија во САД имал 14 години, а лани полицијата го испрашувала за закани на интернет, но „во тоа време немало причини за апсење и преземање дополнителни мерки“, велат од американското Федерално биро за истраги (ФБИ), пишува Би-Би-Си.

Колт Греј(14) лани во мај ѝ негирал на полицијата дека стои зад објавите на интернет кои содржеле слики од пиштоли, предупредувајќи за пукање во училиште.

Греј е обвинет за убиство на четири лица во неговото средно училиште во Џорџија во средата на 4 септември. Од жртвите двајца се наставници, а двајца ученици. Исто така, повредени се осум ученици и еден наставник.

ФБИ ги интервјуирале момчето и неговиот татко, кој „изјавил дека имал ловечки пиштоли во куќата, но дека момчето немало пристап до нив без надзор“.

Шерифот додаде дека засега не е идентификуван никаков мотив за убиството.

 

 

На прес-конференција, директорот на Бирото за истраги (ФБИ) во Џорџија, Крис Хоси, рече дека пиштолот што бил употребен бил „оружје во стил на платформа за аугментирана реалност(АР)“.

Двајца полицајци назначени во училиштето веднаш реагирале, додавајќи дека момчето „веднаш се предало“.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата денеска ги идентификуваше жртвите.

Соучениците на напаѓаот кои го преживеаја пукањето сведочеле за страшните сцени во училиштетот. Лела Сајарат, која била во исто одделение со напаѓачот, изјавила за Си-Ен-Ен дека напаѓачот ја напуштил просторијата на почетокот на часот по математика.

Таа рече дека тој се вратил тропнал на вратата, која автоматски се заклучила, но друг студент одбил да го пушти да влезе откако забележал дека тој носи пиштол. Лела изјави за Си-Ен-Ен дека напаѓачот потоа отишол во соседната училница, каде што почнал да пука.

- Advertisement -
Ad image

По пукањето, 14-годишниот Марк Колман, очевидец, сведочеше дека го видел напаѓачот како држи „голем пиштол“ непосредно пред да започне пукањето.

– Станав, почнав да трчам, тој почна да пука десетина пати. Пукаше најмалку 10 пати. Мојот учител почна да ја забарикадира вратата со клупи – изјави тој за Си-Би-Ес-Њуз американски партнер на Би-Би-Си.

Откако станал, Колман изјавил дека на подот видле како еден од неговите соученици силно крвари, видел уште една девојка застрелана во ногата и една другарка застрелана во стомакот.

Во средата вечерта се одржа бдение во училиштето. Градот Виндер во Џорџија, каде се наоѓа средното училиште Апалачи брои 18.000 жители и се наоѓа на околу 80 километри од Атланта. Ова беше 23. пукање годинава во училиште во Америка.

Share This Article