Ќерката на претседателот на собрнаието Талат Џефери, Бесиана Џафери Беќири и избрана во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлинска енергијаа, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за преземање на парното во Скопје, објави порталот Фактор.
Според порталот, со ЕСМ снабдување со мандат од 6 месеци ќе управува Месуд Јакупи (ИТ администратор) познат по тоа што беше шеф на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани, а во надзорниот одбор покрај Бесинана ќе седнат Петар Петровски и Зорица Гиовска.
Во ЕСМ производство на топлина за директор е назначен Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј. Во Надзорниот одбор се Соња Стефановска, Љупчо Кижевски и Валбона Халили.
За директор на ЕСМ дистрибуција на топлина е назначена Менка Јовановска, дипломиран машински инженер, а тројцата членови на Надзорниот одбор се Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова.
ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетига ѝ ги одзеде лиценците.