More

    Кои земји понудија помош за настраданите во земјотресот

    spot_img

    Десетици земји и организации во светот се понудија да помогнат во спасувањето и потрагата по преживеани во Турција и Сирија по разорните земјотреси во регионите на тие земји во кои загинаа повеќе од 1.600 луѓе.

    Кина

    Кина е подготвена да понуди итна хуманитарна помош за погодените Турција и Сирија од земјотресот, соопшти Агенцијата за меѓународна поддршка на Државниот совет на Кина.

    Кина изрази сочувство и загриженост за огромните загуби на животи и штети предизвикани од земјотресот и е во контакт со Турција и Сирија, изјави портпаролот на кинеската агенција за меѓународна развојна соработка.

    Европска Унија

    Десет спасувачки тимови од осум земји-членки на ЕУ се мобилизирани да им помогнат на службите за итни случаи во Турција, се вели во соопштението на Европската комисија.

    Тимови испраќаат Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Холандија, Полска и Романија, а помош понудија и Италија и Унгарија, се вели во соопштението.

    Германија

    Портпаролот на германската влада вели дека неговата земја ќе придонесе за брзо испраќање помош.

    Грција

    Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изрази сочувство и поддршка за Турција, велејќи дека неговата земја мобилизира ресурси и дека ќе испрати помош без одлагање.

    Индија

    Индиската влада соопшти дека два тима од државната единица за одговор при катастрофи, со вкупно сто членови, како и специјално обучени кучиња трагачи и опрема, се подготвени да бидат транспортирани во областа на земјотресот за да помогнат во спасувачките операции.

    Медицински тимови подготвува и Индија, а во координација со турските власти се испраќа и хуманитарна помош.

    Иран

    Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани изрази длабоко сочувство“ до земјите погодени од земјотресот, изразувајќи ја својата подготвеност да испрати помош за настраданите.

    Поздравувајќи ги добрите односи на Иран со двете земји, Канаани рече: „Ако има потреба од хуманитарна или медицинска помош од Иран во областите погодени од земјотресот, ние ќе ја исполниме нашата морална должност“.

    Тој ја опиша понудата за помош како „морална, хумана и муслиманска одговорност“.

    Италија

    Италијанскиот премиер Џорџија Мелони изјави дека италијанската цивилна одбрана е во подготвеност за да обезбеди поддршка и прва помош.

    Израел

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека на сите институции им е наредено да бидат подготвени да пружат медицинска помош и помош во потрагата по преживеани.

    Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека израелските безбедносни сили се подготвени да ја пружат сета потребна помош, а министерот за надворешни работи Ели Коен додаде дека земјата подготвува брза програма за хуманитарна помош.

    НАТО

    Изразувајќи целосна солидарност со Турција, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер напиша: „Во контакт сум со претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, а сојузниците на НАТО во моментов мобилизираат поддршка“.

    Норвешки совет за бегалци (НРЦ)

    „НРЦ ја следи ситуацијата за да обезбеди директна поддршка на најранливите во Сирија. Потребно е огромно зголемување на помошта и нашата организација ќе учествува во тоа“, рече Карстен Хансен, регионален директор на НРЦ за Блискиот Исток.

    Полска

    Полска ќе испрати спасувачки тим ХУСАР, составен од 76 пожарникари и осум кучиња трагачи, изјави министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.

    Катар

    Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, во телефонски разговор со турскиот претседател изразил сочувство.

    Државната новинска агенција QNA објави дека емирот изразил поддршка за „сестринските земји во нивните напори да ги ублажат тешките хуманитарни последици од земјотресот“.

    Шпанија

    Шпанските урбани тимови за спасување се подготвуваат да отпатуваат за Турција, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи, а официјални лица од Министерството за одбрана и други тела се координираат да испратат тимови во Турција без одлагање.

    Русија

    Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство и понуди помош.

    „Прифатете го моето длабоко сочувство за големата човечка жртва и уништување во вашата земја“, рече Путин. „Подготвени сме да ја понудиме потребната помош.

    Украина

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да испрати помош за Турција.

    На Твитер Зеленски напиша: „Изразувам искрено сочувство до претседателот Ердоган и народот на Турција, како и до семејствата на жртвите од земјотресот на југоистокот на земјата. На сите засегнати им посакувам брзо закрепнување. Стоиме со народот на Турција во ова тешко време. Подготвени сме да ја понудиме потребната помош за надминување на последиците од оваа катастрофа“.

    САД

    Советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека САД се „длабоко загрижени“ од несреќата.

    „Во контакт сум со турските власти за да им пренесам дека сме подготвени да ја пружиме сета потребна помош. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата во координација со Турција“, напиша Саливан на Твитер.

    СЗО

    Шефот на Светската здравствена организација на ОН, Тедрос Гебрејесус, изјави дека се активирани тимови за итна медицинска помош за да се обезбеди здравствена заштита на повредените и најранливите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img