Кои сектори ги покачија платите, а каде просекот е 1.555 евра?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1% повисока отколку во мај 2023 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование за 19,6%, уметност, забава и рекреација за 19% и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 16,3%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен за 5,7 %, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4% и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3%.

Но и покрај зголемување на платите во овие сектори не се највисоки просечните плати.  И натаму највисок просек на нето-плата има во секторот  компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде што во мај изнесува 95.660 денари.

Просекот на нето-плата на вработените во секторот телекомуникации изнесува 63. 879 денари. Повисока од 60.000 денари е и просечната нето-плата во научните дејности.

Најнизок просек на плата и овој месец примиле вработените во секторот заштитни и истражни дејности од  22.128 денари, а во истиот кош се и секторот рибарство и аквакултура со  26.444, угостителството, кожарската индустрија и ветеринарни дејности.

Share This Article