More

    Кои се главните два предизвика со кои ќе се соочиме оваа зима?

    spot_img

    „Многу е важно за Владата да заврши успешно состанокот што ќе го имаме в недела со банките и конечно да почнеме со користење на заемот, во јавноста познат како унгарски заем“.

    Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој по годишната конференција на граѓански организации одговараше на новинарско прашање „дали е задоволен од инвестициите во сопанството и дали ќе продолжи инвестицискиот циклус“.

    Огромен бран инвестиции пристигнува во Македонија

    – Очекуваме тука да се акцелерира еден бран од најмалку 300 милиони евра, тоа е некаде 1,6-1,7% од нашиот вкупен домашен производ, плус имаме бран инвестиции во општините, кои се финансирани од страна на централната Влада, ќе ве потсетам 6 милјарди денари во овој циклус, 15 милјарди денари веќе следната година, 6 милијарди за проекти коишто одат преку Министерството за животна средина… Знаете дека имавме настани со вицепремиерот Меџити на оваа тема за проекти кои беа запоставени од претходната Влада, а сега се реализираат во делот на изградба на водоводи, канализациски системи, системи за третирање отпадни води и слично и тука очекувам еден огромен бран, отприлика 27,28 до 30 милијарди денари – изјави Мицкоски.

    Македонија ќе се соочи со два предизвика оваа зима

    Премиерот забележа дека тоа се многу пари за македонската економија. Но, забележа дека оваа зима чувствува дека ќе имаме два предизвика, од кои првиот ќе биде енергетската стабилност, а вториот ќе биде кризата која се чувствува од Германија, особено во автомобилската индустрија. Посочи дека веќе се бараат и решенија за овие предизвици.

    – За првиот видовте и вчера, месеците претходно многу внимателно планиравме и мислам дека таму состојбата е стабилна, со потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ и азербејџанскиот гигант „Сокар“, и ќе имаме стабилно и евтино снабдување со природен гас, што е многу важно за затоплувањето на скопјани, но и за производството на електрична енергија. Дотурот на јаглен и ископот веќе функционираат најнормално, би рекол и повеќе од нормално, веќе Блоковите работат, на моменти и по 200 мегавати, нешто што беше незамисливо во изминатите 7 години – посочи премиерот.

    Премиерот истакна дека сепак хидрологијата е проблематична, но како што рече, тој очекува дека, со есенските дождови и со зимските снегови, Владата ќе може да ја подобри ситуацијата.

    – Тоа не зависи од нас, тоа зависи од некои други метафизики. Но, како и да е, тој проблем е под контрола и мислам дека ќе имаме… не мислам, сигурен сум дека тоа ќе биде успешно и граѓаните не треба да се грижат – изјави Мицкоски.

    Германската економија ќе предизвика криза?

    Што се однесува на вториот предизвик, поврзан со економијата на Германија, премиерот Мицкоски смета дека е можно намалување на економската активност за некои од компаниите коишто се дел од автомобилскиот сектор. Но, негово мислење е дека овој предизвик може да се совлада со инвестиции.

    – Затоа овој бран што го кажувам, 300 милиони плус 500 милиони евра, околу 800 милиони евра, имајќи предвид дека некаде околу 15, 16 милјарди е нашиот БДП, зборуваме за бројка меѓу 4 и 5% и мислиме дека на тој начин нема да се почувствува таа криза и нема да се афектира негативно на нашиот Бруто домашен производ (БДП) – изјави Мицкоски.

    Премиерот забележа дека генерално тоа се двата суштински проблеми, а како што рече, тие проблеми се покрај многуте стотици проблеми коишто Владата ги решава на дневна основа, но дека тоа ѝ е работа и нејзина природна задача.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img