More

    Кои се четворицата кандидати за претседател со досега најслаба поддршка од граѓаните?!

    spot_img

    Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Попоски и Томе Николоски. Ова се чеворицата кандидати за претседател на државата кои влегоа во трката за собирање 10.000 потписи од граѓаните, а за кои јавноста е многу малку информирана околу нивниот професионален и приватен живот.

    Скоро и да невозможна мисијата четворицата кандидати да ги соберат потребните потписи со оглед на тоа што ниту еден од нив не успеа во првите четири дена да собере ни 200 потписи, но сепак, Плусинфо се обиде да дознае нешто повеќе за нив.

    Операцијата за собирање потписи ќе заврши на 8 март.

    Ѓорѓи Манасков
    Иако е член на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, Ѓорѓи Манасков одлучи на претседателските избори да настапи како независен кандидат.

    Тој во една прилика ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да му помогнат во трката за собирање потписи, оти, како што рече, ако не добие помош, тогаш ќе паднат сите надежи дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.

    – Ги повикувам сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да дојдете во подрачните канцеларии на ДИК и да го дадете потписот за Ѓорѓи Манасков, за да соберам 10.000 потписи и влезам во трката за претседател за Македонија. Ако не ми помогнете, немој да очекувате дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Тогаш повторно ќе победи било кој освен кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и пак ќе се чудите од каде јас сѐ знам – порача Манасков.

    Зорица Цветковска

    Според Фејсбук статусите што ги објавува на социјалната мрежа Фејсбук може да се донесе заклучок дека е симпатизер на политичката партија Десна.

    Таа ветува дека ќе го врати достоинството на државата и вели дека во никој случај не смееме да ја именуваме како Северна Македонија.

    „Ветувам дека како претседател на Република Македонија, нема да потпишам ниту еден указ за прогласување на каков било закон во кој ќе се содржи наметнатото и вештачко име на нашата Татковина“, вели Цветковска во повикот до граѓаните преку Фејсбук.

    Според објавите на Фејсбук, Цветковска е голем критичар на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

    Таа работи како инспектор.
    Вевчанец, 48 години. Не е активен на социјалните мрежи и досега има дадено само една изјава за локален портал од Охрид, преку која ги повика граѓаните да дадат поддршка во подрачното одделение на ДИК во Струга.

    – Се залагам за името, за студентите, за земјоделците и за пензионерит – изјави кратко Попоски.

    Тој е градежен работник, а се занимава и со земјоделство. Негови вевчанци се пошегуваа дека сите нудат кандидати, но само Вевчани нуди Господин за претседател.

    Томе Николоски
    Пензионер е веќе 18 години. Беше професор по психологија, а кариерата ја заврши како декан на Факултетот за психологија.

    Не е активен на социјалните мрежи и досега се нема дадено изјава во медиумите во врска со неговата кандидатура за претседател на државата.

    Во меѓувреме, до бројката од 10.000 потписи потребни за учество на претседателските избори во земјава се доближуваат неколкумина кандидати, според најновите податоци објавени од страна на Државната изборна комисија.

    Прв кој дојде до потребниот број е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, тој има 10.528 потписи.

    По него следува Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат на ЗНАМ, кој се доближува до потребната бројка, односно има 8.400 потписи.

    На трето место според собраните потписи е Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција кој има 7.496 собрани граѓански потписи.

    Четвртото место е за професорката Билјана Ванковска која е претседателската кандидатка на Левица, со собрани 6.237 потписи.

    Стевчо Јакимовски од ГРОМ на своето конто има 4.238 потписи и со тоа се наоѓа на петото место.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img