Кои се четирите зборови што Гвинет Палтроу му ги рече на мажот што ја тужеше?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Гвинет Палтроу го доби судскиот спор против мажот кој тврдеше дека се забила во него додека скијала и и доби симболична отштета од еден долар што ја бараше во противтужбата. При излегувањето од судницата, актерката го допре Тери Сандерсон по рамото и му шепна нешто.

Тој подоцна им кажа на новинарите дека таа му рекла „I wish you well“ (Ви посакувам добро). Таа реченица на Гвинет Палтроу за само неколку часа по завршувањето на судењето стана вирален хит, а многу корисници на социјалните мрежи почнаа да се потсмеваат и да прават мемиња.

 

„Отсега па натаму, на сите им пишувам во мејловите: „Ви посакувам добро““, „Кога бела жена ќе ви каже дека „ви посакува добро“, тоа значи дека сака да ве испука директно од ракета во Сонцето“, „Треба да се нормализира на сите што ни згрешиле да им кажеме: „Ви посакувам добро“, се само дел од коментарите на Твитер.

 

За потсетување, Тери Сандерсон, пензиониран лекар, доживеа потрес на мозокот и четири скршени ребра во инцидент што се случил во 2016 година. Тој рече дека повредите резултирале со трауматска повреда на мозокот и бараше повеќе од 300.000 долари отштета од Палтроу во граѓанската тужба.

 

 

Тој исто така рече дека жената, за која подоцна дознал дека е Палтроу, скијала надвор од контрола кога налетала на неговиот грб. Пријателот на Сандерсон сведочеше дека видел како Палтроу се залетала во поранешниот доктор. Палтроу, пак, изјавила дека таа не ја предизвикала несреќата и дека Сандерсон ја удрил одзади.

- Advertisement -
Ad image

Поротниците го разгледуваа случајот два часа откако ги слушнаа доказите. Тие застанаа на страната на Гвинет Палтроу, пресудувајќи дека Сандерсон е виновен. Актерката по пресудата изјави дека е задоволна од исходот.

ФОТО: Твитер

Share This Article