More

    Кои министри не побарале апанажа?

    spot_img

    Поранешните министри Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и ќе се вратат на претходните работни места.

    Груби се враќа на професорското место по новинарство на Тетовскиот универзитет, кое му било во мирување. Бујар Османи се враќа на Клиниката за дигестивна хирургија. И неговото место било во мирување. Грковска се враќа на своето работно место во МВР, Шукова останува вработена во Министерството за животна средина, а Пенов и Алиу се враќаат во приватниот бизнис.

    Колку функционери од претходната влада една година ќе примаат по околу 2.000 евра месечно ќе се знае до 23 јули, кога истекува рокот да поднесат барање за апанажа. Досега Комисијата одобри апанажа за 36 поранешни пратеници.

    Ристо Пенов поднел документи за пензија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img