Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот 8 септември, а целото кралство и остатокот од светот ѝ оддадоа почит. По нејзината смрт медиумите пишуваат за тајните на дворот, деталите од животот на кралицата, нејзиниот однос со семејството и други помалку или повеќе познати работи од нејзиниот живот.
Не е тајна дека кралицата користела тајни сигнали за да комуницира со членовите од нејзината придружба во јавност. Сега човек кој со години работел за кралицата открил како овие сигнали ги праќала со својот кармни за уста. Иан Скот Хантер му откри детали од сигналот на кралицата што го давала кога била подготвена да замине од некој настан.
Имено, кралицата Елизабета Втора честопати беше видена во јавноста како става кармин на усните среде настан. Сега е откриено дека тоа не било обична случајност:
– Верувам дека по бонтон дамите не треба да прават гримаси во јавноста. Но, таа вадеше кармин од чантата и се шминкаше без да користи огледало и тоа ни беше знак дека е подготвена да тргне. По овој нејзин потег, сите ќе се соберевме и сè беше подготвено кога кралицата ќе станеше и ќе го напуштеше своето место. Исто така, освен карминот, ја користише и чантата како суптилен знак. Кога ќе ја префрлеше чантата од левото на десното рамо, тоа значеше дека е подготвена да го заврши разговорот со некого – објаснил Хантер.