Не е невообичаено да се појави пецкање во нозете поради долго стоење, лежење во непријатна положба или седење со скрстени нозе – тоа се случува поради притисок врз нервите. Меѓутоа, ако не престане по промената на положбата, ако често се повторува или се јавува паралелно со некои други симптоми, може да укаже на потенцијално сериозен здравствен проблем.
Вкочанетоста во рацете или нозете е чест симптом поврзан со многу различни здравствени состојби кои се движат од невролошки оштетувања до автоимуни болести. Ако вкочанетоста и пецкањето продолжат и не постои очигледна причина за сензациите, тие може да