Кафето е омилен пијалок на многу луѓе, а често се поставува прашањето дали е здраво. Ако ги погледнеме црното кафе и кафето со млеко, кафето со млеко претставува малку поголем ризик за здравјето од црното бидејќи содржи млеко.
Некои луѓе сакаат да пијат иста шолја кафе по цел ден, но експертите тоа воопшто не го советуваат бидејќи не е здраво, а најмногу внимание треба да се посвети на млекото што го ставаме во кафето, пренесува Мондо, а пренесува Net.hr.
Кафе со млеко
Ако го чувате млекото во фрижидер, може да издржи и до една недела, но ако го додадете во кафето кое стои со часови, подобро е да направите нова шолја кафе.
Кафето го менува вкусот по 30 минути, а по четири часа маслата во кафето може да се расипат, па најдобро е кафето да се испие во рок од половина час.
Црно кафе
А што е со црното кафе без млеко? Добро е дури и кога стои подолго.
Неговиот вкус не е ист како оној на свежо сварено кафе, но сепак е вкусен. Иако експертите советуваат дека е подобро да направите нова шолја, доколку не ви пречи вкусот на бајато кафе, црното кафе без млеко е одлично за опуштање.