Доколку сте во процес на слабеење, треба да имате на ум дека не смеете да консумирате овошје кое содржи големи количини шеќер, бидејќи тоа ќе има контра ефекти.
Мајкл Мозли, нутриционист и автор на книгата „Брза диета“, советува да се избегнува често консумирање дињи и ананас поради оваа причина. Тој препорачува да претпочитате да изберете храна со помалку шеќер, како што се бобинки.
Кога станува збор за губење на вишокот килограми, овошјето дефинитивно се покажало како подобро од зеленчукот, а најдобро овошје за слабеење, покрај бобинките, се јаболката и крушите.
Истражувањето било спроведено на 133.468 мажи и жени во период од четири години и покажало дека конзумирањето на големи количини на овошје без скроб доведува до губење на значителен број килограми.
Секако, факт е дека добрата исхрана не е доволна за одржување на тежината. Покрај тоа што треба да се грижите за тоа што јадете, обидете се да вежбате редовно. На возрасните им се препорачува да вежбаат пет дена во неделата во времетраење од 30 до 60 минути или да прават вежби со зголемен интензитет од најмалку 25-50 минути три пати неделно.