More

    Кое е момчето на „Жешката“ хрватска навивачка?

    spot_img

    „Жешката“ хрватска навивачка Ивана Кнол го привлече можеби најголемото внимание на медиумите во регионот со своето појавување на Светското првенство во фудбал во Катар, кога во провокативни „коцкести“ изданија навиваше за хрватската репрезентација која го загуби мечот од Аргентина и ќе се бори за третото место.

     

    Ивана Кнол ги полни написите на порталите во регионот, а заврши и во странските медиуми, како поради атрактивниот изглед, така и поради жестокото навивање. Таа беше масовно коментирана и на социјалните мрежи, а иако е меѓу најзгодните убавици во регионот, малку се знае за нејзиниот љубовен живот. За жал на сите мажи, Хрватска нема да го освои Светското првенство, па ниту Ивана нема да се соблече гола како што вети.

     

    Никогаш не е видена во друштво на маж на трибините, но познато е дека со години е во врска со хрватски претприемач кој наводно е директор на истарска компанија која се занимава со изградба на недвижности, пренесуваат медиумите. За тоа сведочат фотографиите на Ивана на Инстаграм, а таа често престојуваше во Истра, во луксузна вила со базен.

    Фотографиите со Анте се со постар датум, а на прашањето зошто го нема на новите фотографии, Ивана одговара дека нејзиното момче не сака да се експонира во јавноста, но дека често тој ја фотографира и дека не му пречат нејзините разголени фотографии.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img