Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Северна Македонија на 21 и 22 ноември, соопшти Алијансата.
На 21 ноември Столтенберг ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а истиот ден ќе одржи и говор во македонското Собрание.
На 22 номеври Столтенберг ќе има заденичка прес-конференција со регионалните сојузнички лидери, се вели во соопштението на НАТО.
Владата соопшти дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг и премиерот Ковачевски ќе ги примат албанскиот премиер Еди Рама, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Турнејата низ земјите од Западен Балкан шефот на НАТО ќе ја започне в недела попладне со посета на Сараево. В понеделник генсекот на НАТО ќе замине во Приштина. Во вторник ќе престојува во Белград, а четиридневната турнеја низ Западен Балкан ќе ја заврши со посетата на Македонија.