Денес, претставници на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, им ги доделија договорите на 45 семејства од социјално ранливата категорија за колективната станбена зграда во Гостивар. Премиерот Димитар Ковачевски, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Заменикот Министер за транспорт и врски Беким Реџепи, во присуство на Генералниот директор Зоран Ѓоргијев и Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари им ги врачија клучевите од становите на семејствата.
“Чест ми е и задоволство што денес 45 семејства обезбедија кров над глава и пристоен живот во колективната, станбена зграда наменета за лица од социјален ризик и други социјално ранливи категории во Гостивар – изјави Генералниот директор Зоран Ѓоргијев.