More

    Клуч на врата и темелна истрага за злоупотребите

    spot_img

    Ќе се укине Фондот за иновации и таму ќе има сериозна истрага, најави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и иден потпретседател на Владата, синоќа во интервју на ТВ Телма.

    Како што е познато, лани ВМРО-ДПМНЕ обвини дека внукот на Али Ахмети, 24-годишниот Дрин Ахмети, во 2022 година добил 82.000 евра од државниот Фонд за иновации и технолошки развој – истата година кога на чело на ФИТР застанал кадар на ДУИ.

    „На 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети, ‘Тор индустрис’ и ‘Еверест ЏД’ добиле 82.000 евра државни пари за кофинансирање на иновации. Патем, Фондот од јануари 2022 година го води кадар на ДУИ, Фестим Халили, кој според фотографиите кои излегоа во медиумите важи за близок пријател со семејството на Дрин Ахмети“, соопшти тогаш ВМРО-ДПМНЕ и повика на одговорност и реакција од надлежните институции.

    Фондот за иновации и технолошки развој потврди дека ги поддржал овие две фирми.

    „Компаниите ‘Тор индустрис’ и ‘Еверест ЏД’ се добитници на финансиска поддршка под инструментот ‘Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст’. Повикот за поднесување предлог-проекти за финансирање под овој инструмент е со цел да се создадат услови за надминување на последиците од економската криза и да остварат забрзан раст преку воведување иновативни, зелени и дигитални технологии. Истиот претприемач има поднесено и предлог-проекти под други инструменти за поддршка од Фондот, но тие се одбиени од Комитетот за одобрување на инвестиции, кој е составен од пет светски експерти. Тоа значи дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрена за финансирање од Фондот за иновации и технолошки развој“, соопшти тогаш ФИТР.

    Од Фондот за иновации рекоа дека се единствена институција во државата која има сертификат ISO: 31007 за борба против корупција и дека сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза.

    Во декември лани ВМРО-ДПМНЕ повторно се осврна на работата на Фондот.

    – Злоупотребата на парите од страна на власта на СДСМ и ДУИ нема граници. Новиот оглас на ФИТР, чиј буџет изнесува 60.000 долари, предвидува дека имаат право да аплицираат само оние правни или физички лица кои се во добра состојба со властите во Македонија. ФИТР наместо да објаснува дали некој погрешно ги толкува скандалозните услови, треба да знаат дека услови за аплицирање не се предмет на толкување на еден или друг начин, туку станува збор за јасни и недвосмислени критериуми наведени во оглас. А, критериумот „добра состојба со властите“ значи само едно – подобни се само нивните – рече Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, која сега стана пратеничка.

    Таа нагласи дека официјалното маркирање на овој критериум во јавен оглас е недозволиво кршење на законите и Уставот. Од вкупниот буџет кој изнесува 60.000 американски долари, 40.000 долари ги обезбедува Фондот, додека 20.000 долари се обезбедени преку странска организација.

    – Ова е уште една потврда дека власта на СДСМ и ДУИ е спремна да ги злоупотребува и туѓите финансиски средства доделени за развој и унапредување, без притоа да имаат грижа и за реномето на државата пред истите тие меѓународни организации. Затоа, и денес ги поставуваме истите прашања: Кој е документот со кој апликантите ќе треба да покажат дека се во добра состојба со властите? Кој ќе ја прави евалуацијата и врз основа на кои критериуми ќе се утврдува дали е исполнет овој услов? – рече лани портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

    Фондот за иновации и технолошки развој е основан во декември 2013 година со цел поттикнување на иновациите преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите, заради потребата да се изгради конкурентна економија основана на знаење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img