Големата драма во Ница беше разрешена со позитивен исход, бидејќи фудбалерот Алексис Бека Бека беше отстранет од мостот, од каде се закани дека ќе скокне во провалија.
Според информациите од Франција, Бека бил разочаран поради раскинувањето со својата девојка, но спасувачите успеале да го извадат од мостот и сега е безбеден.
Сега поради овој страшен настан со соопштение излезе и неговиот клуб.
„Пред се, ни олесна што денес се добро заврши за Алексис. Ќе продолжиме да ја почитуваме медицинската доверливост и бараме од сите да го сторат истото и да ја почитуваат неговата приватност. Го поддржуваме“, се вели во соопштението на Ница.
Провалијата е длабока над 100 метри, а Бека уште еднаш алармираше кога е во прашање менталното здравје на спортистите.
Овој 22-годишен Французин пристигна во клубот од Локомотив Москва летото 2022. Играчот од средниот ред, кој играше и во Кан во втората француска лига, минатата сезона главно доаѓаше од клупата.
Клубот испратил и психолог да му помогне на фудбалерот, а многу играчи се обиделе да стапат во контакт со девојката на Бека Бека, која исто така сакала да помогне.
Бека беше дел од У18, У19, У23 и олимпискиот тим на Франција, но се уште не се пласирал во првиот тим.