Челзи во зимскиот преоден рок потроши 330,5 милиони евра и ова е една од главните теми неколку дена во Англија.
А тоа беше тема и на конференцијата на Јирген Клоп пред дуелот на Ливерпул со Вулверхемптон.
Има и пресметка која вели дека за седум месеци од доаѓањето на новиот сопственик, Челзи потрошил повеќе пари отколку Ливерпул за три години.
Прашањето го насмеа Клоп, но тој не сакаше премногу да се вклучи во дискусијата, на што сигурно се надеваа новинарите.
„Не кажувам ништо без адвокат“, се насмеа Германецот.
„Не го разбирам тој дел од работата, што некој може или не може да направи. Тоа се многу пари. Доведените играчи се добри играчи. Честитки“, додаде тој и заклучи:
„Не разбирам како е тоа можно, но не е ни на мене да го објаснам.