Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп накратко го загуби венчалниот прстен за време на победата на неговиот тим над Њукасл во Премиер лигата.
Ливерпул синоќа на „Енфилд“ го совлада Њукасл со 4:2 и со тоа остана на првото место во поредокот во Премиер лигата со три бода повеќе од Астон Вила и пет повеќе од Манчестер Сити.
По победата, Клоп им честиташе на своите играчи и тргна кон навивачите ракоплескајќи кога сфати дека го загубил бурмата.
Почнал да го бара прстенот на теренот, го замолил стјуардот да му помогне, а венчалниот прстен на крајот го забележал снимател на Sky Sports.
Беше голем шок, но тој се врати“, изјави Клоп.
Го изгубив само еднаш во животот и тој пат ми требаше професионален нуркач бидејќи беше во морето“, додаде менаџерот на Ливерпул.