More

    Клиентите се жалат дека новиот iPhone 15 се прегрее, а Apple тврди дека овие апликации се виновни

    spot_img

    Откако беше објавен последниот модел на iPhone овој септември, корисниците се жалат на прегревање на нивните уреди.

    Apple објаснува дека се работи за баг во оперативниот систем, но и тврди дека промените во апликациите од трети страни „предизвикуваат преоптоварување на системот“.

    Корисниците на iPhone веќе очекуваат нивните уреди да се загреат при првично поставување или копирање на содржина, но овие проблеми со iPhone 15 се многу посериозни, пишува BBC.

    На социјалните мрежи, сопствениците на iPhone се жалат на тоа колку се жешки нивните нови уреди.

    Apple вели дека уредот може да се чувствува потопол на допир првично „по поставувањето или враќањето на податоците на уредот поради зголемената активност во заднина“.

    Компанијата додаде: „Идентификувавме неколку услови кои можат да предизвикаат повеќе затоплување од очекуваното“.

    Тие вклучуваат грешка во оперативниот систем iOS 17, најновата верзија на софтверот на Apple достапна за најновите модели.

    „Друг проблем вклучува неодамнешни ажурирања на апликации од трети страни кои го преоптоваруваат системот“, вели Apple, додавајќи дека тие работат со развивачите на апликации за да ги поправат грешките.

    Тие апликации ги вклучуваат Instagram и Uber, велат од Apple. Инстаграм веќе го реши проблемот со својата апликација минатата недела.

    Од Apple нагласуваат дека загревањето на уредот не е поврзано со новото куќиште од титаниум, кое го има и кај моделите iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max, наместо нерѓосувачкиот челик кој се користи кај постарите уреди.

    Компанијата, исто така, ги отфрла обвинувањата дека греењето се случува поради новиот влез USB-C, кој е воведен со цел да не се прекршуваат правилата на европските регулатори. Проблемот не носи ризик од повреда и уредот е безбеден за користење, а нема страв за долгорочните перформанси на новиот iPhone, велат од Apple.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img