More

    Кличко им се обрати на жителите на Киев

    spot_img

    Киев се соочува со можни прекини на струја и прекини во водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските удари, изјави градоначалникот Виталиј Кличко за украинската државна телевизија. Жителите на главниот град треба да подготват залихи  и да размислат за привремено иселување, изјави синоќа Кличко.

    Тој го опиша тоа како најлошото можно сценарио.

    – Правиме сè што можеме за да се осигураме да не дојдат до ова. Но, ние сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават сè што можат за да го остават овој град без греење, без струја и без снабдување со вода – накратко, сите да умреме- изјави градоначалникот на главниот град на Украина.

    Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.

    Киев се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени затемнувања што оставаат делови од градот во темница неколку часа и поставува 1.000 помали топлани во случај да падне топлинската мрежа.

    Кличко, познат како поранешен светски шампион во бокс, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја уништи Украина како нација. „На Путин не му требаме ние Украинците, му треба регионот, му треба Украина без нас“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img