Шпанската студентка Клара Чиа Марти од јавноста ја крие врската со легендарниот фудбалер Жерар Пике, што дополнително го буди интересот на медиумите. И покрај големите суми за појавување во медиумите, Клара ги одбива сите понуди.
До неодамна анонимната студентка Клара Чиа Марти, која неправедно беше именувана како главен виновник за раскинувањето на пејачката Шакира и легендарниот фудбалер Жерар Пике, сега е опсипана со милионски понуди. Според шпанските медиуми, на маса има две понуди, а првата веќе ја одбила со згрозеност. За ексклузивен едиторијал и разголената вистина за Пике и Шакира, ѝ била понудена награда од милион долари, која Клара ја одбила, но веќе добила нова понуда доколку ја покаже својата сакана во костим за капење за летното издание.
Мистериозната Клара ја држи својата врска со Пике подалеку од очите на јавноста, што само го зголемува интересот на медиумите – таа славно ги одби сите барања за интервју за нејзините професионални и приватни идни планови. Нејзиниот партнер Жерар Пике неодамна за прв пат проговори за медиумите за раскинувањето со колумбиската поп ѕвезда, со која на почетокот на годината раскинаа по 11 години врска. Во интервју за шпанскиот дневен весник Ел Паис, тој изјави дека и тој и Шакира се свесни за сопствената одговорност за благосостојбата на нивните деца, десетгодишниот син Милан и осумгодишниот Саша.
Тој ја опиша својата врска со Клара Чија Марти, 13 години помлада од него, студентка за односи со јавноста на приватен универзитет, како „многу среќна“. Тој додаде дека луѓето што ги сака и за кои се грижи се оние кои навистина го познаваат, а другите не му се важни. „Вложувам многу енергија за да бидам со моите сакани и да им го дадам она што го имам. Јас сум многу среќен. Во мојот живот се случија промени, но знаев да ја одржам среќата“, заклучи пензионираниот дефанзивец на Барселона, кој сега е успешен бизнисмен.