Министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ изјави дека Србија е единствената земја на Балканот која го запрела трендот на намалување на бројот на новороденчиња.
Како што соопшти нејзиниот кабинет, министерката во разговор со амбасадорот на Јапонија во Белград, Акира Имамура изјавила дека пронаталните мерки на Владата на Србија „почнуваат да даваат резултати“ и дека споредено со претходните години, стапката на фертилитет се зголеми на 1,63.