Австралискиот ник Киргиос е победник на АТП турнирот во Вашингтон, првиот подготвителен турнир пред УС Опен што се игра на крајот на август.
Кирјиос без поголеми проблеми го совлада Јошихито Нишиока, 96. тенисер во светот со 6:3, 6:2, а му требаа час и 23 минути.
Во првиот гем Кирјиос веднаш го одзеде сервисот на Јапонецот и не дозволи никаква реакција и ја заврши работата во 41 минута во првиот сет. Потребна му беше само минута повеќе во вториот, во кој повторно му одзеде сервис на противникот во првиот гем од сетот, но истото го направи и во последниот гем за сигурна победа.
Оваа победа му донесе скок од 26 места на АТП-листата, а Австралиецот сега е 37-ми играч во светот. Ова беше негова прва победа на турнирот во последните три години.