Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров не го криеше задоволство по вечерашната победа над Швајцарија во 3.коло на Европското првенство во Германија.
Лазаров го пофали целиот тим кој успеа да ја прекине серијата без победа на евро-шампионатите која траеше четири години.
– Честитки до сите. Одигравме екстраквалитетен натпревар, со голема борбеност, мотивираност, многу жар. Ја посакувавме повеќе победата. Многу сум задоволен и среќен од презентираното. Ги сведовме на минимум техничките грешки за разлика од претходните два натпревара кога грешевме можеби од преголем респект. Благодарам на сите кои ни дадоа поддршка. Искрено ми е драго за момците и за цела Македонија, истакна македонскиот селектор.
Македонија со оваа победа заврши на третото место во групата и обезбеди место помеѓу носителите во мундијалските квалификации.
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја совлада селекцијата на Швајцарија 29:27 (полувреме 13;9) во рамките ан Европското ракометно првенство во Берлин, Германија, но тоа не беше доволно да ги продолжи натпреварувањата.