Кире Лазаров ја прифаќа одговорноста за поразите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не ја мина групната фаза на Светското првенство 2023.

Вечерва „црвено-жолтите” загубија од Аргентина со 26:35.

Селекторот Кире Лазаров ја презема одговорноста за слабите резултати, но изрази надеж за подобра иднина на оваа репрезентација.
– Не сум задоволен од нашите изданија. Можеби сме послаби од трите противници, но сме послаби за десет гола. Прифаќам одговорност. Не знам што се случи со ракометарите. Направивме многу жртва да стигнеме овде. Ова е ново искуство за мене. Треба да се работи многу за да не ни се случи тоа што му се случи на фудбалот, кошарката, одбојката. Имаме многу дебитанти кои не го издржаа притисокот. Сигурно и јас некаде погрешив, никој не е безгрешен. Ги разбирам нашите играчи и се надевам дека еден ден ќе го ктрнрмр нивото, верувам веќе на следното Европско првенство, изјави Лазаров.

Тој им се заблагодари на сите навивачи кои даваа поддршка за македонската репрезентација од трибините во Краков.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на Мундијалот продолжуваат во т.н. Президент куп со натпревари за пласман од 25 – 32. место.

Share This Article