Кинезите се познати по развојот на бројни технолошки напредни уреди кои го водат светот, а меѓу нив има и доста бизарни кои се наменети за заљубените парови. Овој пат тие измислија уред за бакнување.
Опремен е со сензори за притисок и може да имитира вистински бакнеж имитирајќи го притисокот, движењето и температурата на вистинските усни. Но, нема јазик, како што многумина очекуваа.
Може да ги пренесе и звуците што ги прави личноста од другата страна.
За да може уредот да работи, неопходно е да ја преземете апликацијата и да ја приклучите во приклучокот за полнач. По спарувањето на апликациите, паровите треба да започнат видео повик и да го започнат „дејството“.
Уредот се вика Кисинџер, а го продава Таобао.