Кинескиот Xiaomi влегува во светот на електричните автомобили

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Visitors to the Xiaomi Automobile flagship store look at the Xiaomi SU7 electric car on display in Beijing, Tuesday, March 26, 2024. Xiaomi, a well-known smart consumer electronics brand in China, is joining the country's booming but crowded market for electric cars. (AP Photo/Ng Han Guan)

Кинескиот производител на паметни телефони, електронскиот гигант Xiaomi се подготвува да го лансира своето прво електрично возило и почнува да прима нарачки од денес.

Извршниот директор Леи Јун оваа недела изјави дека моделот SU7 (Speed ​​’Ultra 7) ќе чини под 500.000 јуани (69.000 долари).

Со ова кинескиот технолошки гигант ќе влезе во конкуренција на компании како Tesla и BYD, пренесува BBC.

Влегувањето на Xiaomi на пазарот на електрични возила доаѓа во време кога растот на глобалната продажба е забавен, предизвикувајќи ценовна војна.

Компанијата се надева дека оперативниот систем на возилото SU7, чиј дизајн наликува на луксузен спортски автомобил, ќе биде привлечен за клиентите исто како и за паметните телефони, лаптопите и другите уреди. Дизајнот на возилото наликува на луксузен спортски автомобил.

Xiaomi е трет по големина производител на паметни телефони во светот со 12 отсто удел на пазарот, според истражувачката компанија Counterpoint.

SU7, кој Xiaomi го тестира од минатата година, се споредува со моделите на спортски автомобили Taikano и Panamera на Porsche.

Ќе се произведува во објектот на државниот производител на автомобили BAIC Group во Пекинг, каде што годишно може да се произведуваат 200.000 возила.
Xiaomi најави дека ќе инвестира 10 милијарди долари во своето производство на автомобили во следните десет години.

„Пазарот на електрични возила во Кина е многу зрел и создава многу стабилен екосистем за производителите на електрични автомобили“, рече соработник во истражувачката компанија Рајстад енерџи.

- Advertisement -
Ad image

Тој објасни дека, на пример, синџирот на снабдување со батерии е многу силен и мрежата на точки за полнење расте, за да може инфраструктурата да одговори на зголемувањето на бројот на автомобили.

Лансирањето на првото електрично возило на Xiaomi доаѓа во време кога на пазарот на електрични возила во Кина се интензивира ценовна војна.

Tesla, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, ја намали цената на своите возила во Кина за илјадници долари во последните месеци, бидејќи локалните ривали како што е кинескиот BYD, најголемиот продавач на електрични возила во светот, ги намалија своите цени.

- Advertisement -
Ad image

Кина, најголемиот светски пазар за автомобили, веќе е преполна, а Xiaomi е една од ретките нови компании кои влегуваат на пазарот додека властите се обидуваат да го спречат приливот на нови компании.

Претходно оваа недела, BYD објави рекорден профит за минатата година, но рече дека растот е забавен кон крајот на годината.

Кинескиот пазар на електрични возила забележа силен раст во последниве години, поттикнат пред сè од субвенциите за нивно купување, кои сепак беа укинати во декември 2022 година.

Share This Article