Вооружените сили на Кина треба „да се фокусираат на подготовка за учество во вистински непријателства“, рекол кинескиот претседател Си Џинипинг на денешниот семинар за национална одбрана и воени реформи, пренесе Спутник. Си е истовремено претседател на Централниот воен совет на Народна Република Кина, им даде низа инструкции на учесниците на семинарот, јавува Б92.
На семинарот учествуваа членови на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.
Пекинг ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и да најдат начин за решавање на безбедносните проблеми на сите, пренесува Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска нареди прва мобилизација на Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи, како што рече, „нуклеарната уцена“.