Кинескиот извоз силно се зголеми во март, како одраз на порастот на побарувачката за електрични возила, соларни панели и литиумски батерии, објави во четвртокот царинската управа.
Извозот во март скокнал за 14,8 отсто во однос на истиот период лани, по пет последователни месеци пад.
Увозот, пак, е намален за 1,4 отсто, многу поблаго отколку во првите два месеца од годинава кога потона за 10,2 отсто. Зголемувањето на увозот на сурова нафта, железна руда и соја го компензира намалениот увоз на бакар.
Портпаролот на царинската управа Лв Далианг го припишува пресвртот во извозот на зголемената побарувачка за електрични возила, соларни производи и литиумски батерии.
Сепак, ситуацијата може да се влоши во наредните месеци, предупреди тој.
„Надворешното опкружување е сè уште тешко и комплицирано во моментов“, им рече Лв на новинарите во Пекинг во четвртокот. „Слабата надворешна побарувачка и геополитичките фактори ќе донесат поголеми предизвици за развојот на кинеската трговија“, додаде тој.
Премиерот Ли Кианг на состанокот на владата минатата недела рече дека официјалните лица треба да го испробаат „секој метод“ за зајакнување на трговијата со развиените економии.
Компаниите, исто така, треба да се охрабрат да ги истражуваат можностите за проширување на трговијата со економиите во развој, како оние во Југоисточна Азија, додаде премиерот.