Кинескиот борбен авион Ј-11 пресретнал американски извидувачки авион на само седум метри раздалеченост над Јужното Кинеско Море минатата недела и извршил „небезбеден маневар“, принудувајќи го американскиот авион да преземе евазивна акција за да го обиколи спуштајќи се надолу, соопшти Индо-пацифичката команда, која ги надгледува операциите на САД во регионот, јави СкајЊуз.
Кина тврди дека голем дел од Јужното Кинеско Море е дел од нејзините територијални води, вклучително и многу острови во спорната област, на некои од кои Пекинг изгради воени бази.
САД не ги признаваат територијалните претензии на Кина и рутински спроведуваат операции таму, вклучително и вакви извидувања.