Кинеската сонда Чејнџ-6, со првите примероци од далечната, темна страна на Месечината, слета денеска на Земјата, јави новинската агенција Ксинхуа. Месечевата мисија беше „целосен успех“, објави Кинеската вселенска агенција на својата веб-страница.
Мисијата Chang’e-6 е првата мисија која успеа да земе примероци од темната страна на Месечината и да ги врати на Земјата.
Поради својата сложеност, таа беше една од најамбициозните вселенски мисии на Кина.
Беше објавено дека Кина постигнала огромен напредок во истражувањето на вселената во изминатите дваесет години.