Кина: Зелено светло на САД да продолжи со масакрот во Газа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: A Chinese national flag waves outside Beijing No. 2 Intermediate People's Court where Australian writer Yang Hengjun is expected to face trial on espionage charges, in Beijing, China May 27, 2021. REUTERS/Carlos Garcia Rawlins//File Photo

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа, јавува денеска Би-би-си.

Пекинг рече дека потегот на САД испратил „погрешна порака“ и дал „зелено светло за продолжување на масакрот“.

Вчера САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Тоа е третпат САД да стават вето на телото, од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.

Предлогот за резолуција, со кој се бара итно воведување хуманитарен прекин на огнот што треба да го почитуваат сите страни, доби 13 гласа, додека еден беше против, а еден воздржан – Велика Британија.

Share This Article