Кина тврди дека го почитува суверениот статус на земјите што произлегоа од СССР

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кина денеска даде гаранции дека го почитува „суверениот статус“ на земјите создадени од поранешниот Советски Сојуз, по контроверзните изјави на нејзиниот амбасадор во Франција.

„Кина го почитува суверениот статус на републиките создаден по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година“, изјави за новинарите портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
На прашањето за украинската провинција Крим, која Москва ја анектираше во 2014 година, кинескиот амбасадор во Франција, Лу Шаје, го негираше суверенитетот на поранешните советски републики.

„Земјите од поранешниот Советски Сојуз немаат ефективен статус во меѓународното право, бидејќи не постои меѓународен договор за одредување на нивниот статус на суверени земји“, рече амбасадорот во петокот.

Неговите изјави предизвикаа гневни реакции, а шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги нарече „неприфатливи“.

ЕУ може само да претпостави дека овие изјави не ја претставуваат официјалната позиција на Кина, рече Борел.

„Кина го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји и ги поддржува целите и принципите на Повелбата на ОН“, изјави портпаролката на кинеското Министерство.

Таа рече дека по распадот на Советскиот Сојуз, Кина била една од првите земји што воспоставила дипломатски односи со нив.

„Од воспоставувањето на дипломатските односи, Кина секогаш се придржуваше до принципите на взаемно почитување и еднаквост во развојот на билатералните односи на пријателство и соработка“, додаде таа.

Трите балтички држави Литванија, Летонија и Естонија денеска ќе ги поканат на дискусија кинеските амбасадори во тие земји по изјавите на кинескиот амбасадор во Франција, во кои тој го доведе во прашање суверениот статус на територијата на поранешниот Советски Сојуз.

- Advertisement -
Ad image

„Трите балтички држави денеска ќе ги поканат кинеските претставници да бараат појаснување и да дознаат дали позицијата на Кина се променила во однос на нивната независност и да ги потсетат дека ние не сме постсоветски земји, туку земји кои беа незаконски окупирани од Советскиот Сојуз“, рече Шефот на литванската дипломатија Габриелиус Ландсбергис на маргините на состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург.

Share This Article