Кина речиси ги дуплираше приходите од извозот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Трговскиот суфицит на Кина скокна на рекордни 97,9 милијарди долари во јуни, откако растот на извозот се забрза по олеснувањето на анти-ковид мерките што привремено го затворија Шангај и ја нарушија трговијата. Со речиси никаков раст на увозот, надворешнотрговскиот суфицит на Кина скокна за 90 отсто на годишно ниво. Тоа е, без малку, дуплирање на приходите.

Извозот се зголеми за 17,9 отсто на 331,2 милијарди долари, со што го зајакна мајското темпо од 16,9 отсто, покажаа денеска објавените податоци на царината. Увозот се зголеми за само еден процент на 233,3 милијарди долари што е знак за слаба домашна побарувачка.

Извозот во САД се зголеми за дури 19,3 отсто од претходната година на 56 милијарди долари и покрај постојаните високи царини во трговската војна поради технолошките амбиции на Пекинг. Увозот на американски стоки се зголеми за 1,7 отсто на 14,6 милијарди долари.

Трговскиот суфицит со САД, што е чувствително политичко прашање, се зголеми за 26 отсто на годишно ниво на 41,4 милијарди долари. Ова беше една од причините што го поттикна тогашниот претседател Доналд Трамп да ја започне трговската војна со зголемување на увозните давачки, потсетуваат светските агенции.

За целата прва половина од годинава, обемот на надворешната трговија на Кина се зголеми за 10,3 отсто на 3,08 трилиони долари, при што трговската размена со САД порасна за 12,7 отсто на 383,93 милијарди долари, стои во денешниот извештај на царината.

Share This Article