Кина распореди 71 борбен авион, вклучително и 60 ловци, на воени маневри околу Тајван, соопшти Министерството за одбрана во Тајпеј.
Пекинг објави дека вчера извршил воени вежби во близина на Тајван, како одговор на „провокациите“ и „договорот“ на Соединетите Американски Држави и властите на островот.
Тајван наведе и дека во вежбите учествувале шест борбени авиони СУ-30.
Кина го смета Тајван, со население од 24 милиони, за една од нејзините провинции и се спротивставува на секој дипломатски контакт на тајванските претставници со други земји.