Кина прогласи „звучна победа“ над „Ковид-19“, при што врвните функционери на земјата рекоа дека нивните напори резултирале со повеќе од 200 милиони луѓе да добијат медицинска нега, а земјата има најниска стапка на смртност во светот, пренесува Ројтерс.
„Со континуирани напори за оптимизирање на мерките за превенција и контрола на Ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на Ковид-19 направи непречена транзиција за релативно кратко време“, оцени вчера Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина.
Постигната е голема, решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата“, се вели во соопштението.
Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветен третман, но кинеските лидери предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во земјата се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, објавија државните медиуми, пренесува Ројтерс.
На средбата беше истакнато дека Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за постарите лица и ќе го зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.
Во декември минатата година, Кина ја укина својата речиси тригодишна строга политика по протестите против строгите владини антивирусни ограничувања, пренесува Радио Слободна Европа.