Кина негодува за 571 милион долари американска помош за Тајван

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кина денеска ја критикуваше новата американска воена помош за Тајван, велејќи дека пакетот од 571 милион долари сериозно го нарушува „принципот на една Кина“ и одредбите од заедничките коминикеа меѓу Кина и САД.

– Кина ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Тој го нарече Тајван „црвена линија што не смее да се премине“ во кинеско-американските односи.

Пекинг го смета демократски управуваниот остров Тајван за своја територија, тврдење што владата во Тајпеј го отфрла.

Share This Article